10 C
Скопје

Португалија се надева на прва меѓувладина конференција со Скопје до јули

Португалската државна секретарка задолжена за ЕУ, Ана Паула Закариаш, порача дека нејзината земја која претседава со ЕУ до први јули годинава се надева дека ќе се деблокира спорот со Софија и ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Закариаш за МИА порача дека проширувањето на ЕУ е приоритет за португалското претседателство, што започна на први јануари и трае до триесетти јуни оваа година.

Таа додаде дека во тек се контакти со двете страни – Скопје и Софија – за изнаоѓање на решение за билатералниот спор кој го кочи отворањето на преговорите со ЕУ.

– Започнавме со политички контакти со Бугарија и Република Северна Македонија за да успееме да изнајдеме пат кон отворање на процесот, и за време на нашето претседавање да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, но и со Албанија, изјави Закариаш денеска во Брисел.

Државната секретарка на Португалија додаде дека во овој момент се потребни дополнителни политички разговори помеѓу двете страни и увери дека Лисабон тоа ќе го прави во дух на доверба.

Прочитајте и...  ВМРО-ДПМНЕ ги повлече амандманите на Законот за државјанство, на ред се АА/А

Поврзани вести

Лондонската полиција уапси маж кој носел секира на улица

Слободен печат

Запленета рекордна количина дрога на хрватско пристаниште: Околу 500 килограми кокаин скриени во контејнер со банани

Слободен печат

Богатството на Џек Ма се зголеми за 2,3 милијарди долари за само еден ден

Слободен печат

Силен земјотрес од 5,2 степени регистриран кај грчките острови Нисирос и Кос

Слободен печат

Инцидент „тежок“ 916 милиони долари: Властите на Суецкиот канал бараат од сопственикот на бродот да ја плати оштетата

Слободен печат

Кривична пријава за насилство врз дете во Кочани

Слободен печат

Остави Коментар