Португалија на ЕП, Србија ќе мора преку бараж! (ВИДЕО)

fss.rs

Завршија квалификациите во групата „Б“ за пласман на Европското првенство 2020 година, претходно Украина веќе го обезбеди првото место, денеска се водеше борбата за втората позиција.

Србија мораше да триумфира над Украинците, но истовремено и да не освои три бода Португалија на гостувањето во Луксембург, но тоа не се случи.

Србите двапати водеа на стадионот во Белград преку Тадиќ и Митровиќ, но гостите не дозволија да бидат поразени благодарение на Јаремчук и Бесједин (2:2).

Португалците не дозволија никакво изненадување и ја оправдаа фаворитската улога против Луксембург (0:2). Трите бода за тимот на Сантош ги обезбедија Фернандеш во 39. и Роналдо во 86. минута од средбата.

На конечната табела Украина го освои првото место со 20 бодови и без ниту еден пораз, а втората позиција ја обезбеди Португалија со 17 бодови. На третото место заврши Србија со 14, следува Луксембург со четири, а на дното Литванија (еден).

Србите имаат уште една шанса да се најдат на континенталниот собир, и тоа преку баражот во „Лигата на нации“. Таму го освоија првото место групата 4 од Лигата „Ц“. Потребни им се уште две победи, во полуфиналето ќе ги одмерат силите со Норвешка, а во втората полуфинална битка се Шкотска и Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот