Фото: EPA-EFE/Stian Lysberg Solum

Португалија ја победи Шпанија и ја остави без четвртфинале

Рeпрезентацијата на Португалија славеше победа над Шпанија од 35:29 и така обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство, додека за „Фуријата“ ќе нема место во нокаут фазата.

Португалија натпреварот го реши во своја корист со одличната игра во второто полувреме откако претходно во првиот дел имаа негатива од 16:15.

Имаше контрола Шпанија некаде до почетокот на второто полувреме и во еден момент поведоа и со три разлика, но тогаш следуваше серија на Португалија од 0:6 со која го презедоа водството и не дозволија да го изгубат до крајот.

Најефикасен кај Португалците беше Кошта со сум гола, додека Шпанија Фернандез постигна шест.

Во истиот термин се играше и натпреварот помеѓу Аргентина и Зеленортски Острови кој заврши со победа од 30:26 на Аргентинците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот