Португалија: Големите пожари конечно ставени под контрола (ВИДЕО)

После четири дена пожарникарите во Португалија конечно успеале да ги стават под контрола трите големи пожари, во кои се повредени 39 лица, пренесуваат тамошните медиуми.

Повеќе од 1.000 пожарникари четири дена по ред се борат со пожари во централниот дел од Португалија, во кои досега се повредени најмалку 39 лица, додека едно лице се здобило со потешки повреди.

Неколку жители биле и евакуирани, а во пожарите се уништени и неколку куќи.

Поладните ноќни и утрински температури им помогнале на пожарникарите да успеат да ги стават пожарите под контрола.

За потсетување, во Португалија во последните неколку години се забележани некои од најсмртоносните пожари во историјата на оваа земја.

Во еден од нив во 2017 година загинаа 107 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот