Португалија е новата ракометна сензација во Европа

фото: ehf-euro.com/Axel Heimken/kolektiffimages

Најдобрите португалски играчи продолжуваат да ги одушевуваат ракометните фанови со своите игри на континенталниот собир 2020 (Австрија, Шведска, Норвешка).

Пред почетокот на Европското ракометно првенство никој не зборуваше за нив, дури и им најавуваа дека нема да ја поминат ниту прелиминарната фаза, но во последните пет години имаат голем подем.

Португалија после 14 години е повторно дел од еврошампионатите, ракометарите предводени од селекторот Пауло Фереира приредија големо изненадување во прелиминарната фаза ја совладаа Франција, триумфираа над Босна и Херцеговина, а загубија од Норвешка.

Победнички ја стартуваа главната фаза во Малме, направија уште едно големо изненадување совладувајќи еден од организаторите на турнирот, Шведска која е освојувач на четири европски знатни медали.

Португалците неочекувано убедливо со 35:25 ги совладаа Швеѓаните и со овие бодови се сериозни кандидати за една од првите две позиции во групата 2 кои водат во полуфиналето.

По шест голови имаа Фераз, Махалгаеш и Силва, а во поразените редови по четири запишаа Петерсон и Нилсон.

Претходно во истата група Норвешка триумфираше над Унгарија (36:29), а Словенците беа подобри од Исланд (30:27). Табела: Норвешка 4 бодови, Словенија 4, Португалија 2, Унгарија 2, Шведска 0, Исланд 0.

Двојките во второто коло (19. јануари) се Португалија-Исланд, Словенија-Унгарија и Норвешка-Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот