Португалија: Де Соуса победи и го освои вториот мандат на претседателските избори

Фото: EPA-EFE/TIAGO PETINGA

Португалскиот претседател Марсело Робело де Соуса победи во првиот круг од претседателските избори, стекнувајќи ја довербата на гласачите за втор мандат, покажаа официјалните резултати.

На вчерашните избори 72-годишниот претседател освои 61 процент од гласовите, девет проценти повеќе отколку при победата во 2016 година, пренесуваат британските медиуми.

Меѓутоа, на овие избори излезноста беше само 40 отсто од гласачите, што е најниска во историјата на Португалија.

Резултатите од противниците на Де Соуса беа очекувани – кандидатот на социјалистите Ана Гомес доби 13 проценти од гласовите, а лидерот на популистичката десничарска партија Чега (Доста!) Андре Вентура беше трет со 12 проценти од гласовите.

Откако резултатот од изборите беше соопштен Де Соуса изјави дека најважното прашање што треба да се реши е борбата против коронавирусот.

– Тоа е мојот приоритет, во целосна соработка со парламентот и владата, рече старо-новиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот