Португалецот Рибеиро ќе ги брани боите на РК Металург

Фото: rkmetalurg.mk

Металург продолжува со екипирањето на својот состав, денеска свој потпис на договорот со клубот од Автокоманда стави португалското лево крило, Улисис Рибеиро.

Рибеиро (30 години, 181 см, 76 кг) е замената за Милан Поповиќ, кој по завршувањето на договорот со Металург замина во романското првенство.

Матичниот клуб на новото засилување е Сао Бернардо од каде потоа замина во Мадеира и таму остана се до минатата сезона кога се пресели во екипата на Хари Ап од холандското првенство.

Проблемите со ковид-пандемијата беа причина што Рибеиро минатата сезона одигра само 13 средби на кои постигна 33 гола.

Покрај својата левокрилна позиција, одлично се снаоѓа и на позиција среден бек, а со Металург потпиша договор на две години.

Улисис Рибеиро е шестото засилување на Металург за новата сезона, по браќата-бекови Њокас, пикерот Костадин Петров, средниот бек Бобан Каковски и голманот Димитар Бардаковски.

Табадоа: Е. Пелистер е добар проект за мене, сакам да и помогнам на екипата да освојува титули

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот