Португалците тврдат: Ристовски дефинитивно се сели во Динамо Загреб!
Како што информира денеска португалскиот медиум „А Бола“, македонскиот репрезентативец за еден милион евра ќе се пресели во редовите на Динамо Загреб, а потоа низ разни бонуси лисабонските „лавови“ би можеле да заработат уште помеѓу 300.000 и 500.000 евра.
Стефан Ристовски веќе одамна не е во плановите на тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, без ниту еден настап сезонава во тамошното првенство.
Па така, нашиот десен бек беше во потрага по нов клуб, и натаму нема потврда од „модрите“, но барем како што тврди изворот дефинитивно Ристовски ќе му биде соиграч на Аријан Адеми.
И претходно има настапувано во Хрватска, поточно во редовите на Риека со која успеа да ја освои титулата. Тимот од Лисабон треба да добие и десет проценти од идниот трансфер на поранешниот играч на Риека.
Зоран Мамиќ е свесен дека Динамо Загреб не го започна најдобро продолжението до сезоната, со две победи, но и два порази, со слаби перформанси и во славјето против Горица, односно Хајдук, па оттука и управата во обид да направи конкретни потези кога се во прашање шампионските амбиции.