Португалците очајни: Германските тенкови не прегазија

epa09286670 Portugal player Diogo Jota (2R) celebrates a goal during the UEFA EURO 2020 group F preliminary round soccer match between Portugal and Germany in Munich, Germany, 19 June 2021. EPA-EFE/HUGO DELGADO (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Актуелниот европски шампион Португалија доживеа убедлив пораз од Германија во второто коло на Евро 2020. Германија во Минхен славеше со 4:2, а португалските медиуми признаа дека нивните фудбалери во целост биле надиграни.
Германските тенкови ја уништија слабата португалска одбрана“ е најсловот на спортскиот весник „А Бола“ кој потоа пишува:
„Роналдо во 15. минута и донесе водство на Португалија, но до крајот на полувремето автоголовите на Рубен Дијаш и Рафаел гереро го покренаа колапсот на одбраната на европскиот шампион кој во второто полувреме беше докрајчен од Хаверц и од Госенс. Диого Жота успеа само да го ублажи поразот. Со овој резултат, Португалија падна на третото место во групата со три бода и во последното коло за пласман во осминафиналето мора да се бори против светскиот шампион Франција“.
Весникот „Рекорд“ пишува дека пред Португалија е најтешката задача, да се вади против првиот фаворит за титулата, ререзентацијата на Франција.

ВИДЕО: Фантастичен натпревар во Минхен, Германија го растури европскиот шампион

 

Видео на денот