Португалците се внимателни во најавите: Нè очекува тежок натпревар против Македонија, тие ја победија Италија

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош/ фото: EPA-EFE/ESTELA SILVA

Фудбалската репрезентација на Македонија на 29 март ќе игра против Португалија во финалето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Македонија ја совлада Италија со 1:0, додека Португалците во Порто со 3:1 ја победија Турција.

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош кога го дозна резултатот од Палермо, упати пофални зборови за нашата репрезентација и и порача на јавноста да не се надевам дека натпреварот со Македонија ќе биде лесен.

– Како што зборував од од самиот почеток, овие натпревари за сите се финални. Ние првото финале против Турција го добивме, а сега не чека второто. Целиот фокус ќе биде ставен на тој натпревар. Немам дилеми дека не очекува тежок натпревар против Македонија. Не може да биде поинаку против тимот кој ја елиминираше Италија – рече Сантош.

Видео на денот