„Портрет на градот” – изложба на фотографии на Денис Јагџи

Архитектурата на градот Скопје поминувала низ многу периоди на својот развој. Поради сите овие промени што градот ги претрпувал, ги претрпува и ќе ги претрпува и тоа не само директнo со градење или рушење на објекти, туку и со мали промени и можеби додавање други елементи во просторот околу самите објекти који ја менуваат нашата перцепцијата кон нив.

Се запрашав од кој период е вистинското лице на градот, кој објект го претставува Скопје? Бидејќи и по многу направени фотографии, тоа не го открив, се одлучив да направам мало истражување и да ги прашам луѓето. Се одлучив да разговарам со луѓе од областа на уметноста, како уметници така и љубители на уметноста, кои не остануваат рамнодушни на убавината на урабаната скопска архитектура. Условот беше барем еден период од својот живот даживееле во Скопје.

Разговарав со вкупно девет лица и им поставив две наизглед кратки прашања. Во првото да се  претстават себеси, а во второто да го претстават градот со еден објект.

После ова мало истражување на градот можеби за повеќето испитаници, симболот на градот е од периодот на брутализмот и градбите од натур-бетон, но за мене ниту еден објект не е симбол без нив самите. Тоа го сфатив одкако и нив ги фотографирав пред објектот. Од моментот кога го здогледаа објектот му се восхитуваа.

Некои од нив најдоа вистински зборови, некои пробаа и со рацете да ги објаснат нивните чувства, а на  некои тоа едноставно им се гледаше во очите.

БИОГРАФИЈА

Денис Јагџи (1996) е студент на додипломски студии, на катедрата по фотографија на факултетот за Аудиовизуелни уметности ЕФТА-Скопје, во класата на проф. М-р Роберт Јанкулоски и доцент М-р Елена Бојаџиева.

Неговите фотографии биле дел од повеќе групни изложби: Идентитет (Дортмунд, 2018), Идентитет (Скопје, 2018), Скопје Креатива (Скопје, 2017), Теми од мојата земја Македонија (Скопје, 2018).

Во 2016 година го освои првото место на фото-натпреварот ” Making Connections’, организиран од Амбасадата на Холандија во Република С.Македонија.

Изложбата на фотографии со наслов „Портрет на градот”, е дел од дипломскиот труд и е негова прва самостојна изложба. Отворањето ќе  биде на 19.06 во 20 часот во Националната галерија на Северна Македонија – Мала станица,

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот