Портпаролот на Путин ја опиша борбата со коронавирусот: Не можеш да разликуваш јагоди од пилешко

дмитри песков
Дмитри Песков, портпарол на Кремљ / Фото: Слободен печат, архива

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, кој го прележа коронавиурсот, го опиша своето искуство во текот на боледувањето, а како една од највпечатливите работи го издвои губењето на сетилото на вкус и мирис. На почетокот се личеше како грип, рече тој.

„На самиот почеток и не е толку сериозно. Тој ден кога очигледно сум се заразил, час и половина се занимавав со спорт“, наведе тој и додаде дека се чувствува одлично.

Следниот ден температурата почнала да му расте.

„Потполно неверојатно чувство кога ќе го загубиш сетилото за мирис и вкус… Не можеш да разликуваш јагода од пилешко“, наведе Песков.
Песков, откако беше утврдено дека е позитивен на коронавирус, примен е во болница, а после неколку дена отпуштен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот