Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски доживеал сообраќајка

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски беше повреден во сообраќајка која се случила на 14.04.2019-та околу 04:00 часот.

Сообраќајката се случила на крстосницата со булевар „Србија“, булевар „Јане Сандански“ и булевар „В.С.-Бато“ во Скопје.

М.И. (34) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото и излетала од коловозот.

Возачот и сопатникот Т.А. (42) од Скопје биле пренесени во Ургентен центар-Скопје.

На М.И. и се констатирани тешки телесни повреди, додека кај Т.А. се констатирани телесни повреди.

Слободен печат стапи во контакт со портпаролот на МВР, кој потврди дека се случила оваа сообраќајка во која тој бил сопатник. Ангеловски изјави дека нема посериозна повреда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот