Руските власти треба веднаш да го ослободат рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.
– Запрепастувачки е што руските власти го задржаа во притвор господинот Навални и тој мора веднаш да биде ослободен. Наместо да го гони Навални, Москва треба да ја исполни својата обврска според меѓународното право и да истражи и објасни употреба на хемиско оружје на руско тло, изјави портпаролот на британскиот премиер.