Портпаролката на СДСМ, Кузеска е позитивна на ковид-19

Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ/Фото: СДСМ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на Фејсбук објави дека е позитивна на ковид-19.

„Би сакалa да ве информирам дека вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.

Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг.

Во овој период секој мора да биде одговорен, апелирам за строго почитување на мерките, не 99, туку 100 % почитување на сите мерки за заштита на здравјето. Чувајте се!“, напиша Кузеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот