Портпаролката на СДСМ е негативна на тестот за Ковид-19

Богданка Кузеска, портпаролката на СДСМ, на социјалните мрежи соопшти дека е негативна на Ковид-19, откако претходно се тестираше на вирусот.

Кузеска во својата објава напиша дека на сите кои се позитивни им посакува лесно заздравување.

„Негативен е тестот на Covid- 19. Големо благодарам до сите кои ме контактираа и покажаа грижа за моето семејство и за мене. Таквата поддршка многу значи. На сите кои се во самоизолација и во исчекување, им посакувам добри вести. На тие кои се позитивни и се борат со вирусот, им посакувам брзо и лесно заздравување“, напиша Кузеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот