Портпарол на ЈСП: Детална дезинфекција на автобусите, возачите со маски и ракавици се одделени во кабините

Автобус на ЈСП/ Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Откако се воведени рестриктивните владини мерки за борба против Ковид 19, линиите градските автобуски линии „Сити турс“, како и 25, 25А и 25Б кои се обраќаат до Водно се укинати. Во меѓувреме, редуцирани се неколку лини, информираше утрово во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Деспина Трајковска Димова, портпарол на ЈСП.

А по саботниот возен ред, воспоставен на дневно ниво поради намаленоста на патници, поради самоизолација и реакциите на граѓаните дека се создава гужва во автобусите, појачани во утринскиот период , кога има поголема фреквенција на луѓе, се линиите 2, 5, 11, 22, 57, 61, 62 и уште десетина други линии.

-Автобусите редовно се одржуваат, но по појавата на Ковид 19, возилата се подложни на дополнителна дезинфекција, со распрскување на соодветни средства и рачно дезинфицирање на ракодржачите, кај што се валидаторите на билети и слично. Возачите освен маски и ракавици одделени се во кабина од патниците, вели Трајковска Димова.

ЈСП работи со скратено работно време, се одржува оптималниот број на вработени, а поради намалената фреквенција, затворени се и некои пунктови за продажба на карти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот