Порто не мисли на ЛШ, здравјето на Кинтана е најважно

epa07861805 Vardar's Timur Dibirov (L) in action against Porto's goalkeeper Alfredo Quintana Bravo (R) during the EHF Champions League handball match between HC Vardar and FC Porto Sofarma in Skopje, Republic of North Macedonia, 22 September 2019. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Голманот на Порто и на португалската репрезентација, Акфредо Кинтана од понеделникот вечерта се наоѓа во индуцирана (вештачка) кома откако доживеа срцев удар за време на тренингот со својот тим.

Ракометарите на Порто меѓу кои е и голманот на македонската репрезентација, Никола Митрески, од час во час ги очекуваат вестите за здравствената состојба на Кинтана кој се уште се наоѓа во индуцирана кома во болницата „Сао Жоао“ во Порто.

Голманот на Порто е ставен во вештачка кома, наредните 24 часа се клучни за неговиот живот

Порто вчера требаше да му гостува на Брест Мешков во Лигата на шампионите, но белорускиот тим објави дека нивниот противник одлучил дека нема да го игра овој натпревар, како и претстанатите два натпревари од групната фаза во ЛШ, против Елверум и Фленсбург.

Очекувано, здравјето на голманот Кинтана е најважно во овие моменти за сите во Порто.
„Му посакуваме на Алфрдо брзо опоравување и им се извинуваме на навивачите кои можат да си ги вратат парите за влезниците“, објави Брест Мешков.

ЕХФ дополнително ќе одлучува дали неодиграните натпревари на Порто ќе ги регистрира со службен резултат 10:0 или ќе најде друго решение.
ЕХФ исто така одлучи поради пандемијата на коронавирусот, сите екипи кои играат во групната фаза, а меѓу нив е и Вардар, да обезбедат пласман во осминафиналето, но засега тоа во редовите на Порто е во втор план.

Колегата на Митревски во Порто доживеа срцев удар сред тренинг

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот