Почитувани читатели на порталот Слободен печат.мк
Од денеска на нашиот портал ви овозможуваме, со еден клик, сите информативни, спортски и забавни содржини, подготвени од новинарскиот тим, да ги прочитате освен на македонски и на следните регионални јазици: албански, српски, турски, бугарски и грчки.
Оваа можност ја воведуваме со намера нашите содржини да ги направиме поблиски и подостапни не само до домашната публика од различни етнички групи туку, како што се развиваме и напредуваме и до читателите од соседните земји.
Порталот „Слободен печат“ кој е еден од најчитаните и најрелевантните информативни портали во Македонија ќе продолжи како и досега да информира точно, проверено, навремено и аналитички за сите случувања во земјата, во регионот и во светот, нудејќи истовремено и интересни, забавни и едукативни содржини за различната структура на нашата публика и нејзините афинитети.
Продолжуваме да ја шириме читателската публика, отворајќи истовремено и поле за конструктивна дебата, соочување на различни мислења и ставови, откривање и решавање на проблемите од целокупниот општествено – политичкиот живот со кои се соочуваат во своето секојдневие граѓаните на Македонија и пошироко.
„Слободен печат“ ја продолжува соработката со афирмирани медиуми од регионот: „Ослобоѓење“ од Сараево, „Вјести“ од Подгорица, „Капитал“ од Софија, „Недељник“ и „Бета“ од Белград, „Ефимерида тон синтактон “ од Атина, „Андолу Ејџенси“ од Анкара и други. Преку размена на содржини со нив, со новата опција за преведување на новинарските написи, ќе се овозможи да се прошири кругот на читатели во регионот и што е можно повеќе различни теми и пристапи да бидат изложени пред пошироката јавност.
Секој наш новитет е мотивиран од настојувањата да развивавме дијалог и да шириме толеранција и меѓусебно почитување и разбирање, размена на искуства и справување со предизвиците со кои се соочуваат подеднакво сите граѓани од балканските земји.
Ви благодариме на довербата, продолжуваме понатаму, читајте „Слободен печат“ онлајн