Порталот на „Слободен печат“ вброен во највлијателните онлајн платформи на Балканот

Порталот на „Слободен печат“ вброен во највлијателните онлајн платформи на Балканот

Во избор на www.mediadaily.biz, а во конкуренција на 30 медиуми, годинава по четврти пат се доделува признанието за најдобар регионален информативен портал.

Веб-платформата www.slobodenpecat.mk, која ги пласира и содржините од печатеното издание на дневниот весник „Слободен печат“, slobodna.tv и „Утрински брифинг“, влезе во изборот за најдобар регионален онлајн информативен портал, во конкуренција на 30 други медиумски платформи од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија. Изборот, што се спроведува по четврти пат, е во организација на регионалната медиумска мрежа Media daily (www.mediadaily.biz).

Идејата на овој натпревар е, низ компаративно вреднување, да се подигне нивото на квалитетот на информациите што се пласираат на пазарот на онлајн медиумите во регионот, со подигнување на општите професионални медиумски и новинарски стандарди. Самото влегување во конкуренцијата за ова признание е потврда за успехот на порталот на „Слободен печат“ да се вброи како една од најквалитетните, најчитани и највлијателни национални веб-платформи на Балканот.

Изборот го прави жири составено од угледни професионалци и експерти од регионот, но зависи и од гласањето на читателите кои ги следат номинираните медиуми. Гласањето ќе се одвива на специјално поставен линк за тоа веќе од 1 ноември годинава и трае до крајот на тој месец. За тој дел од номинациите, при ланскиот избор гласале повеќе од 20.000 луѓе, а конечните резултати ќе бидат објавени во текот на месец декември 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот