Porsche заработи глоба од половина милијарда евра

фото: Pixabay

Германските власти воведоа парична казна во износ од 535 милиони евра на германскиот производител на луксузни автомобили „Porsche AG“, кој е дел од групацијата „Volkswagen“, како резултат на пропустите во надзорот, кои и овозможија на компанијата да ги заобиколи тестовите за дизел емисиите, пренесува „Reuters“.

Обвинителството во Штутгарт објави дека одделот за развој на компанијата не ги почитувал законските обврски, што доведе до продажба на дизел автомобили кои ги надминуваат дозволените нивоа на загадување.

Казната за „Porsche“ доаѓа по казната во износ од 1 милијарда евра изречена на „Volkswagen“ и глобата во износ од 800 милиони евра наметната на „Audi“ во минатата година.

Државните власти ја открија системската измама на „Volkswagen“ со мерењето на дозволените емисии кои се испуштаат од нејзините дизел модели во 2015 година, што избувна голем скандал, кој чини 30 милијарди евра во форма на парични казни и казни за „Volkswagen“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот