Порошенко: Зеленски ме гони судски поради одмазда

Петро Порошенко
Петро Порошенко / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко го обвини денеска својот наследник Володимир Зеленски дека „го гони судски поради одмазда”.

Порошенко минатата недела пристигна на судско рочиште во Киев во придружба на неколку илјади приврзаници.

Тој се соочува со 20 различни истраги под, како што тврди, „политички мотивирани обвиненија”.

Порошенко во изјава за Би Би Си вели дека неговиот пораз на изборите минатата година довел до тоа на клучни места во Владата да се вратат проруски фигури.

Поранешниот шеф на државата додаде дека се потврдиле како вистинити паролите од неговата предизборна кампања дека гласот даден за Зеленски е всушност глас за рускиот претседател Владимир Путин.

Порошенко истакна дека Зеленски не е „човек на Путин”, но нема искуство и сега во неговиот тим има личности кои се наклонети кон Русија.

Реагирајќи на изјавата на Порошенко, Зеленски нагласи дека „секој политичар има право на мислење кое им го упатува на своите гласачи”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот