Поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко го купи украинскиот ТВ канал „Прајамој”, што претходно беше во сопственост на поранешниот шеф на градската администрација во Киев, Владимир Макеенко.
Порошенко истакна дека платил за телевизијата „многу пари што можеле да одат во добротворни цели”.
Медиумите се во сопственост на Prime Assets Capital, што е 100 отсто во сопственост на поранешниот претседател Петро Порошенко. Како што рече поранешниот претседател, одлуката за такво купување ја донел тој по објавувањето информации дека може да бидат воведени санкции за Владимир Макеенко и телевизијата да биде затворена.
Повеќе од 20 кривични пријави има во моментот против Порошенко.