Порцеланска кукла: Лидија Вукиќевиќ со неверојатна трансформација

Фото: Инстаграм

Актерката Лидија Вукиќевиќ на својот инстаграм – профил постојано објавува фотографии на кои изгледа совршено, секогаш е нашминкана и на истите можеме да видиме колку е затегнато и убаво обликувано нејзиното тело.

Бидејќи актерката сака исклучително силна шминка, овој пат довербата да ја разубави ја пропуштила на популарниот шминкер Стефан Суботиќ, кој инаку е познат по екстремните трансформации.

Нејзината фотографија шминкерот ја сподели на својот инстаграм-профил а можеме само да кажеме само едно – секоја чест!

„Жената која е редок пример за некој за кого годините не претставуваат ама баш ништо. Млад дух, позитивна енергија, убавина која плени и повторно енергија, енергија, енергија… Те сакам“, напиша тој.

Вака досега не сме имале прилика да ја видиме, а интересно е што носи и впечатлив накит, како принцеза или порцеланска кукла!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот