Поразот од Баерн ќе му пресуди, деновите на Куман како тренер на Барселона се одбројани?!

Поразот од Баерн Минхен е последно предупредување за Роналд Куман/фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Екипата на Барселона во првиот натпревар во Лигата на шампионите доживеа убедлив пораз од 0:3 од Баерн Минхен, а во играта јасно е видлива разликата во квалитет помеѓу каталонците и една од екипите која е меѓу најголемите фаворити за титулата.

Натпреварот против Баерн покажа дека без Лионел Меси, Барселона не е тим кој може да се бори за титулата во ЛШ, а на навивачите не им допадна изјавата на тренерот Роналд Куман по натпреварот.

– Беа подобри од нас, немам за што да жалам. Потои разлика во квалитет како меѓу нивните стартери така и меѓу замените – изјави меѓу другото Куман.

Каталонските медиуми пишуваат дека претседателот Жоан Лапорта заедно со своите соработници веднаш по натпреварот одржал состанок со Куман.
Според медиумите, разговорот воопшто не бил пријатен и траел дури до два часот по полноќ, а Лапорта му ставил до знаење на Куман дека трет пораз по ред на домашен терен во Лигата на шампионите не е нешто што се толерира.

За медиумите ова е знак дека следниот пораз најверојатно ќе значи и отказ, а веќе е познато и името кое треба да го наследи на клупата.
Лапорта веднаш по стапување на претседателската функција планираше да му врачи отказ, но се одлучи да му даде уште една шанса и тоа пред бидејќи е поранешен фудбалер и капитен на Барселона.

Не е тајна дека дека Лапорта на клупата на Барселона го сака Чави Ернандез кој нема ништо против оваа идеја. Чави се споменуваше како опција и пред доаѓањето на Куман, но тогаш легендата на клубот не ја прифати понудата бидејќи немаше тренерско искуство. Сега по две години на клупата на катарскиот Ал Сад, Чави смета дека е време да се врати во Барселона со првата понуда кога ќе пристигне.

ВИДЕО: Срамен пораз на Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите

 

Видео на денот