ПОРАЗИТЕЛНИ РЕЗУЛТАТИ: Жените сметаат дека семејното насилство е приватен проблем (ИНФОГРАФИК)

Неверојатни 54,5 отсто од жените во Македонија сметаат дека семејното насилство е приватно прашање и треба да се среди во рамките на семејството. Околу 44 отсто пак сметаат дека „добрата жена“ треба да се покорува на сопругот, дури и кога има различно мислење од него. Овие податоците денеска ги презентираше Мисијата на ОБСЕ во Македонија.

Во рамките на истражувањето на ОБСЕ во врска со семејното насилство, бројките за Македонија се поразувачки, но не многу различни од регионот.

Од ОБСЕ велат дека, иако некои форми на физичко и сексуално насилство во државата е широко распространето, тоа најчесто поминува непријавено во полиција.

– Истражувањето покажа дека е потребна поголема поддршка и таргетирани акции за помагање на жените од малцинстските групи и од руралните подрачја – се вели во соопштението од мисијата.

Прочитајте и...  Се урна железнички мост во Русија (ВИДЕО)

Вишата советничка за родови прашања на ОБСЕ Амарсана Дарисурен, изјави дека, без разлика на географската локација, нивото на просперитет или големината на популацијата, насилството врз жените е распространето и е проблем на сите држави во светот.

Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, пак, изјави дека ОБСЕ го третира родовото насилство како безбедносен проблем.

Премиерот Зоран Заев изрази загриженост откако го погледна истражувањето на ОБСЕ и посочи дека мора системски да се подобри родовата еднаквост во државата и да се реши насилството врз жените.

 

 

Прочитај повеќе

Лепа Брена и Боба заминаа за Монако – Во приватниот авион уживаа во прекрасниот поглед и луксузното вино (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Трамп и Болсонаро разговараа за истражувањата за хидроксихлорокин

Слободен печат

Франција е на петто место по број на смртни случаи во светот

Слободен печат

Индија против наездата на скакулци се бори со дронови и противпожарни возила

Слободен печат

Австрија ќе ги отстрани нацистичките симболи од куќата на Хитлер, еве како ќе ја пренамени

Слободен печат

Се гласа масовно преку пошта во осум сојузни држави и во округот Колумбија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ОН: Талибанците во Авганистан и натаму се во близок контакт со Ал Каеда

Слободен печат

Како да пиеш пиво кога носиш маска: Генијален трик кој ќе се користи и во нашата земја! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Агенција за разузнавање: Директорот Еролд Муслиу не е член на ниту една политичка партија

Слободен печат

Путин потврди дека на напад со конвенционално оружје Русија може да одговори со нуклеарно

Слободен печат

Во Италија опаѓа бројот на смртните случаи од Ковид-19

Слободен печат

Тестовите на градоначланикот на Бутел се негативни на ковид-19

Слободен печат