Поразите го земаа данокот, Алушовски повеќе не е тренер на Работник

facebook.com/rkeurofarmrabotnik

Управата на РК Еурофарм Работник денес спогодбено ја прекина соработката со тренерот Стевче Алушовски. Причина за отказот на Алушовски се слабите игри во Лигата на шампионите, а чашата ја прели поразот од Металопластика во СЕХА лигата.

– Управата на РК Еурофарм Работник денес спогодбено ја прекина соработката со досегашниот прв тренер на клубот г-дин Стевче Алушовски. На вечерашниот состанок заеднички е констатирано дека во интерес на клубот и понатамошните настапи на екипата во ЛШ и СЕХА лигата најдобро е да дојде до прекин на соработката.

Управата на РК Еурофарм Работник му се заблагодарува на досегашниот ангажман на г-дин Стевче Алушовски, му посакува многу здравје и понатамошни спортски успеси – стои во соопштението на Еурофарм Работник.

Еурофарм Работник во дебитантскиот настап во ЛШ на девет натпревари имаат само две победи и седум порази, додека во СЕХА лихата, на седум натпревари оствари само три победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот