Порази на македонските таеквондисти на Светското првенство во Баку

фото: Македонска Tаеквондо Федерација

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски доживеа елиминација на стартот од Светското првенство кое се одржува во Баку, Азербејџан.

Во пеколна конкуренција од 50 најдобри таеквондо борци од светот, од тимот на нашиот Деки се надеваа дека в недела ќе се оди до крај.

Георгиевски во категоријата +87 кг. беше слободен во првото коло, а во борбата за пласман во осминафиналето загуби од натпреварувачот од Авганистан Али Акбар Амири (2:2, 3:7).

Познати се полуфиналните парови во оваа категорија: Карлос Сансорес (Мексико) – Емре Куталмиш Атешли (Турција) и Шеик Салах Сисе (Брегот на Слоновата коска) – Пашко Божиќ (Хрватска).

Во женска конкуренција настапи македонската таеквондистка Мила Рељиќ во второто коло во категоријата 62 кг. загуби од светската шампионка, Русинката Лилија Кужина (4:13, 1:13) која настапи под „Индивидуален Неутрален Тим“.

Кужина подоцна го освои и златниот медал откако во финалето со 6:2 и 8:6 триумфираше над Бразилката Каролине Сантош. Во оваа категорија со бронзени медали се закитија Елија Пауел (Велика Британија) и Феруза Садикова (Узбекистан).

Следниот настап на Рељиќ ќе биде на Европските Олимписки Игри во Краков, Полска кон крајот на месецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот