Пораз за ЖРК Чаир во првиот натпревар од двомечот со Макаби

Фото: ZRK Cair

Ракометарките на Чаир на домашен терен беа поразени од Макаби со (30:33) во 1/16 финалето од Европската лига.

Гостинките од Израел покажаа зошто се фаворити во двомечот. Посебно ефикасни беа во првото полувреме. Одбраната на домаќините не функционираше и за 30 минути прими дури 18 голови. Сепак, тоа не ги обесхрабри чаирчанки кои во вториот дел се покажаа во едно поинакво светло.

Македонскиот претставник имаше водство во вториот дел, сепак немаше доволно сили да се избори за целосен пресврт. Макаби во завршницата рутински го приведе натпреварот кон крајот и ја потврди победата.

Реваншот е закажан за шест дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот