Пораз на Вилијамс од 116 тенисерка на светот (ВИДЕО)

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Американката Шелби Роџерс направи големо изненадување во четвртфиналето на турнорот во Лексингтон откако го совлада славната сонародничка Серена Вилијамс со 1:6, 6:4 и 7:6 (5). Роџерс е моментно 116 тенисерка на ВТА листата, а триумфот над една од најдобрите тенисерки на сите времиња ја забележа после два часа и девет минути игра.

Беше тоа прв меѓусебен дуел на двете Американки, во кој Шелби ја оствари третата победа над Топ 10 тенисерка во кариерата. Серена одлично го започна мечот, откако воведниот сет го доби со 6:1. Се чинеше дека првата фаворитска на турнирот лесно ќе дојде победата.

Но, во вториот сет Роџерс подобро сервираше, играше поагресивно, па со брејк во 10 гем дојде до израмнување. На почетокот од одлувачкиот сет повторно се закани 116 тенисерка на светот, но во вториот гем на Вилијамс спаси брејк топка.

До крајот на мечот немаше брејк шанси, па одлучуваше додатен гем. Таму Роџерс подобро ги користеше своите шанси, па на крајот ја искористи втората меч топка. Ривал во борбата за финале ќе биде Џил Тајхман која беше подобра од Кетрин Белис со 6:2 и 6:4.

Во полуфиналето се пласираше и младата Коко Гоф, која славеше против осмата фаворитка Ан Жабер со 4:6, 6:4 и 6:1. Нејзина противничка ќе биде Џенифер Брејди, која во четвртфиналето беше подобра од Марија Бузкова со 6:1 и 6:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот