Пораз на одбојкарите и во втората контрола во Софија

фото: cev.eu

Одбојкарската репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз на пријателскиот натпревар против Бугарија која се игра во Софија.

Идентично на вчера, избраниците на селекторот Матијашевиќ се поразени во четири сета и тоа со 25:23, 25:17, 22:25, 25:20.

Во првиот сет одлучувачкиот момент се случи во самиот финиш кога Бугарија дојдоа до 23:21 и предноста успеаја да ја задржат до крајот на сетот.
Во вториот сет, избраниците на селекторот Матијашевиќ беа рамноправни до 13:13 по што противникот со направи серија од 12:4 и го освои вториот сет. Во третиот сет, нашите одбојкари одиграа одлично и успеаја да го решат во своја корист со 25:22, но немаа сили истиот подвиг да го направат и во четвртиот сет.

Натпреварите против Бугарија во Софија беа последни контроли за македонските одбојкари кои веќе од понеделник ги очекува настапот на двата квалификациски турнири кои ќе се играат во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Противници на Македонија се селекциите на Турција и на БиХ, а целта е првото место во групата, додека во игра е и второто место доколку сме меѓу петте најдобри второпласирани, меѓу седумте групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот