Пораст на заразени со коронавирус во Грција и Кипар

Во Грција се потврдени 14 нови случаи на варијантата Омикрон/ Фото: ЕПА

Во изминатите 24 часа во Грција беа соопштени 78, а на Кипар 25 нови случаи на Ковид-19, со што регистриран е зголемен број на позитивни случаи на дневна основа и во двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 78 нови заразени, од кои десет по направените тестови на влезните точки во земјата, а во изминатите 24 часа починаа три лица.

Бројката на нови случаи е највисока во изминатите пет дена, а од понеделникот до денеска се регистрирани вкупно 287 новозаразени.

Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 4.477 заразени со Ковид-19, а починаа 206 лица.

Министерството за здравство на Кипар соопшти 25 нови случаи од 1.850 направени тестови во изминатите 24 часа, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 1.114 лица.

Бројката на новозаразени на Кипар е особено висока, со оглед на тоа дека во изминатиот период, дневните случаи се движеа од нула до шест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот