-1 C
Скопје

Пораст на заразени од коронавирус во Мелбурн, заклучени 10 предградија

Затворени се повеќе жаришта на коронавирус во Мелбурн, вториот најнаселен град во Австралија, во обид да се спречи ширењето на заразата, јави ДПА.

Државата Викторија, чиј главен град е Мелбурн, денеска регистрира нови 64 случаи на Ковид-19, соопштија здравствените власти.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, нареди заклучување на 10 предградија на Мелбурн, каде поголемиот дел од новите случаи  се резултат на пренесување меѓу луѓето од заедницата.

Според германската агенција, ограничувањaтa значat дека луѓето во овие предградија можат да ги напуштат своите домови само за одење на лекар, вежбање,  купување основни артикли или одење на работа и училиште.

-Полицијата ќе биде мобилизирана да патролира во заклучените предградија и оние кои ќе ги прекршат ограничувањата ќе бидат казнети, рече Ендрус.

Прочитајте и...  Мадрид прекина со вакцинација, нема доволно вакцини

Ограничувањата „ќе бидат длабоко болни и ќе им предизавикаат штети на лицата од бизнисот”, вклучувајќи ги и неодамна повторно отворените салони за убавина, спортски сали, библиотеки и базени, соопшти денеска Ендрјус.

Државата Викторија за време на викендот ја мобилизира војската, како и стотици волонтери и здравствени работници, за да ја намали високата стапка на инфекција и почна со тестирање од Ковид-19 во 10-te предградија, означени како жаришта на коронавирус.

Државните здравствени власти соопштија дека во последните три дена  се спроведени речиси 100.000 тестирања на Ковид-19.

Австралија досега има регистрирано околу 7.700 случаи на заразени и 104 смртни случаи од Ковид-19.

Поврзани вести

ВИДЕО: И покрај строгите епидемиолошки мерки со црковни ѕвона и пред илјадници луѓе, Вучиќ го откри споменикот на Стефан Немања во Белград

Слободен печат

Трајанов: Попишувачите да бидат вакцинирани

Слободен печат

Заев најави изборен српски јазик во училиштата, Ковачев посакува бугарски со иронична честитка

Слободен печат

Недолични фотографии повторно кружат на интернет: „Јавна соба“ стана јавен срам

Како успеа Израел да обезбеди повеќе вакцини отколку што е потребно?

И.И.

Со години боледуваше од Кронова болест, почина пејачот Игор Пармаковски

Слободен печат

Остави Коментар