Пораст на БДП на Кина од 3,2 отсто во вториот квартал од годината

БДП во периодот април-јуни забележа скок од дури 11,5 проценти во однос на првите три месеци од 2020 година, објави Бирото за статистика.

Кинеската економија се врати на растот во вториот квартал по длабокиот пад на почетокот на годината, но домашната потрошувачка и инвестициите останаа кревки како резултат на корона кризата, што укажува на потребата за понатамошна политичка поддршка за зајакнување на закрепнувањето.

Бруто домашниот производ на Кина (БДП) се зголеми за 3,2 проценти во вториот квартал во однос на претходната година по наглиот пад од 6,8 проценти во првиот квартал, покажуваат податоците објавени денеска од Националното биро за статистика (НБС).

Ова е побрз раст отколку што очекуваа економистите, кои предвидоа 2,5 проценти економска експанзија.

Од друга страна, БДП во периодот април-јуни забележа скок од дури 11,5 проценти во однос на првите три месеци од 2020 година, објави Бирото за статистика. Ова далеку ги надминува предвидувањата дека БДП се очекува да порасне за 9,6 проценти на квартална основа.

Во однос на полугодишните показатели, кинеската економија се намали за 1,6 проценти во првите шест месеци на годишно ниво.

Аналитичарите предвидуваат дека надлежните органи ќе продолжат со мерките за финансиска поддршка на стопанството во втората половина на годината, со цел да се поттикне заживување на економската активност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот