Поранешното момче на Ен Хатавеј тврди дека актерката престанала да разговара со него откако бил уапсен

ен хатавеј рафаело
Фото: EPA-EFE + Принтскрин / Instagram

Поранешното момче на Ен Хатавеј, Рафаело Фолиери тврди дека актерката престанала да разговара со него откако тој бил уапсен за измама во 2008 година.

Фолиери неодамна прозборе за нивната разделба, велејќи дека актерката со која бил во љубовна врска во тоа време не контактирала со него откако завршил во затвор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dunzo Podcast (@dunzopodcast)

„Таа ноќ Ени ми се јави од Лос Анџелес, каде што беше на прес-конференција“, се присетил тој. „Бевме на телефон 10 минути и зборувавме за тоа кога таа може да се врати дома. Ако добро се сеќавам, нејзините последни зборови беа дека ќе ме сака засекогаш и тогаш го завршивме повикот. Беше околу 14 часот на 24 јуни во 2008 година. Ме уапсија околу 18 часот. Никогаш повеќе не разговарав со Ени“, откри тој за „Daily Mail“.

Оскаровката и италијанскиот претприемач се забавувале четири години откако се запознале во 2004 година преку заеднички пријатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)

Обвинителството го обвини Фолиери за инвестирање до 6 милиони долари од инвеститори во недвижнини, претставувајќи се како највисок официјален претставник на Ватикан.

„Никогаш, никогаш, никогаш“, рече Фолиери на прашањето дали слушнал нешто од актерката. „Мислам дека донесе деловна одлука. Одлучи дека е најважно да ја спаси својата кариера. Не сум огорчен. Можете да ме погледнете во очи. Не сум лут, но бев повреден“.

Фолиери ја признал вината и поминал пет години зад решетки. Потоа бил депортиран во Италија и му било забрането да влегува во САД, но наскоро започнал нов деловен проект „Follieri Energy“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @friizzymcguire

Пријатели на актерката за „Page Six“ тврдат дека таа била уништена по раскинувањето. Неколку месеци по апсењето за магазинот „W“ изјави дека се чувствува како некој одеднаш да го повлекол килимот на кој стоела.

Во меѓувреме, 43-годишниот Италијанец се оженил и со сопругата Констатин веќе имаат 4-годишен син, а наскоро ќе станат родители по втор пат. Хатавеј во 2012 година се омажи за Адам Шулман. Тие имаат два сина, Џонатан и Џек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот