Поранешните хористки од хоровите на Запро Запров се обединија со „Дафино вино црвено“ (ВИДЕО)

Виртуелниот хор, составен од членови на хоровите на Запро Запров од сите генерации и насекаде низ светот, ја испеа песната „Дафино вино црвено“.

„Времето на изолација кај повеќето од нас наведуваше на евоцирање на спомени, а во чест на сите убави моменти поминати со овој хор, се обединивме светски да си ја спомнеме нашата „Дафино вино црвено“, се објаснува во воведот на видеото.

Диригент е Теа Богатинова-Ристовска, организаторка Јелена Алексиќ – Џив, а аудио и видео монтажата е на Надица Милевска-Велкова.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот