Поранешниот вицепремиер Ходи кандидат за премиер на Косово

Курти најави дека доделувањето на мандатот на друга партија ќе го оспори пред Уставниот суд на Косово.

Поранешен вицепремиер Авдулах Хоти и потпретседател на Демократскиот сојуз на Косово ја доби партиската поддршка за кандидат за иден премиер на Косово. Одлуката доаѓа во време кога претседателот на државата Хашим Тачи, по консултациите со парламентарните партии, објави дека ќе го додели мандатот за нов премиер на партијата или субјектот кој ќе го обезбеди потребното мнозинство во Собранието за формирање нова влада.

Тачи вчера ја покрена иницијативата за формирање нова влада, откако пред еден месец Собранието му изгласа недоверба на кабинетот воден од лидерот на Движењето самоопределување, Албин Курти.

Сите косовски парламентарни партии, освен партијата на Курти, се согласија дека на земјата ѝ е потребна нова влада, која ќе биде избрана од посточекиот парламентарен состав.

Движењето самоопределување тврди дека нова влада во ваква ситуација може да се формира единствено по вонредни парламентарни избори, кои треба да се одржат откако ќе помине епидемијата на Ковид-19.

Курти синоќ најави дека доделувањето на мандатот на друга партија ќе го оспори пред Уставниот суд на Косово.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот