Поранешниот тренер открива како се чувствува Ѓоковиќ: Тажен е, се повлече во себе по дисквалификацијата

epa08632941 Novak Djokovic of Serbia holds his stomach during a time out in play against Roberto Bautista Agut of Spain during their semi-finals match at the Western and Southern Open at the USTA National Tennis Center in Flushing Meadows, New York, USA, 28 August 2020. EPA-EFE/JASON SZENES

Радек Степанек заедно со Андре Агаси му беше тренер на српскиот тенисер.

Поранешниот чешки тенисер, Раде Степанек, кој една година му беше тренер на Новак Ѓоковиќ, застана во одбрана на српскиот тенисер по неговата дисквалификација од УС Опен.

Мекинро: Новак ќе биде „лошо момче“ до крајот на кариерата

– Знам дека е многу тажен и е потресен, се повлече во себе и многу тагува. Тој пати бидејќи немаше никаква намера и тој податок само ја зголемува неговата болка. Тешко му е бидејќи сите знаеме колку е гладен за трофеите и сака да стане тенисер со највеќе освоени грен слем титули. Убеден сум дека знаеше како што и сите ние знаевме – дека трофејот во Њујорк му беше на дофат на раката. Сите овие работи го прават тажен бидејќи и тој самиот знае дека тоа што го направи беше погрешно – изјави Степанек за американските медиуми.

– Очигледно е дека има преголем притисок врз рамењата на Ѓоковиќ, а тука се и критиките. Тешко му е, работи напорно да биде подобар. До крајот на кариерата можеби ќе стане најголем тенисер на сите времиња, но сите сме човечки сусштевства и имаме право на грешка – додава Степанек.

Поради дисквалификацијата, Новак Ѓоковиќ остана без заработката од УС Опен која изнесува 250.000 долари, а е казнет и со 10.000 долари поради инцидентот.

Мора да се шегувате: Ѓоковиќ не требаше да биде дисквалификуван! (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот