Поранешниот тренер на Вардар ќе биде нов селектор на Србија?

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес е фаворит за селекторската позиција во Србија, пренесува српски „Моцарспорт“.

Во српската јавност уште претходно се шпекулираше за можна селекторска смена на актуелниот селектор Борис Ројевиќ, а тие најави се зголемија по вчерашниот изненадувачки пораз од Италија во квалификациите за Европското првенство.

Според информациите, Гонзалез уште пред натпреварот бил на преговори во Белград и сето тоа го дознале и сите во репрезентацијата, но на крајно необичен начин.

Имено, како што пренесува „Моцартспорт“ на аеродромот „Никола Тесла“ дошло до средба на членовите на стручниот штаб и ракометарите со тренерот Раул. Ракометарите се подготвувале за летот за Рим, додека Раул се враќал во Париз.

Во Србија се убедени дека посетата на Раул не е случајна и дека тој земјата ја посетил за да преговара за селекторското место. Најавите се дека тој би можел да го наследи Ројевиќ во јуни 2025 кога му завршува договорот со ПСЖ. Ќе потсетиме, Раул успеа да го одведе Вардар до првата европска титула во 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот