Поранешниот тренер на Ѓоковиќ тврди: Новак треба да се фокусира на календарскиот грен слем, не на ОИ

Ноле годинава атакува на „златниот“ слем/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Легендарниот тенисер и во одреден период тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, смета дека Србинот не треба да го интересира ништо освен календарскиот грен слем и поради тоа не е воодушевен од идејата да учествува на Олимписките игри.

Ѓоковиќ годинава триумфира на Австрлаија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон и му недостасува триумф на УС Опен за да го комплетира календарскиот грен слем.

– Ѓоковиќ продолжува да напредува, игра паметно, тој е најинтелигентен тенисер. Не го играше својот најдобар тенис, но сепак го освои Вимблдон. Тоа зборува дека тон нема само план А, туку и план Б, Ц или Д. Токму тоа е што им недостасува на останатите тенисери, тие имаат одреден систем на игра и доколку не успеат да соне, многу брзо си одат дома – вели Бекер кој вели дека учеството на Новак на Олимписките игри во Токио е грешка.

– Ништо освен календарскиот грен слем не би требало да го интересира бидејќи пред себе има неверојатна шанса. Олимписките игри во овие моменти не му одговараат многу. Ќе поверувам дека ќе настапи на нив дури кога ќе слета во Токио.

Германскиот весник „Берлинер куриер“ исто така не го оправдува потегот на Ѓоковиќ да учествува на Игрите во Токио во моменти кога има огромна шанса да стане првиот тенисер по Род Лејвер кој го освои календарскиот грен слем.

„По титулата на Вимблдон, Новак откри дека шансите се 50-50. Сега алчноста за успех и слава стана посилна од разумот. Новак потврди дека ќе игра во Токио и не му смета историскиот пуч од бројните откази. Новак сака се“, пишува „Берлинер Куриер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот