Поранешниот тренер на Бенфика е позитивен на коронавирус

твитер

Португалскиот тренер Жорге Жесус е заразен со коронавирус, објави неговиот клуб Фламенго.

Жесус веќе неколку дена апелираше до челниците на Фудбалската федерација на Бразил да го прекинат првенството, но неговите апели не беа послушани и изминатиот викенд се играше редовно коло.

„Тренерот е под надзор на лекарите и неговата здравствена состојба е стабилна. Сите акции и тренинзи на клубот се запрени поради пандемијата на коронавирусот“, стои во соопштението на клубот.

Интересно е што Жезус дознал дека позитивен на коронавирус само еден ден откако починал неговиот близок пријател Марио Верисимо, исто така од коронавирус.

Жорге Жесус со Фламенго минатата година триумфира во Копа Либертадорес, јужноамериканската Лига на шампиони, а исто така седеше и на клупите на Бенфика со која успеа да ја прекине доминацијата на Порто, потоа на Брага, Ал Хилал, Спортинг Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот