Поранешниот тетовски градоначалник Сади Беџети повторно кандидат на ДПА

Фото: МИА

Демократската партија на Албанците (ДПА) на прес-конференција го претстави Сади Беџети за кандидат за градоначалник на Тетово. Беџети беше градоначалник на Тетово од 2009 до 2013, исто така како кандидат на ДПА, па загуби од Теута Арифи.

– Досега држев предавања како професор во Приштина и Тетово. Го гледам градот во овие два мандати, јас изгубив, и сакам да пробам уште еднаш да видам дали е била вистинска таа победа на оваа градоначалничка што е сега, да видиме, да се бориме подобро да биде. Претпоставувам дека подобро сум работел од неа. Треба повеќе да се ангажираме околу градот во Тетово, помошта да биде поголема од централната власт. Осум години ништо нема направено. Очекувам поддршка од граѓаните на Тетово, сите што ме сретнале ме бараат. Јас сум градски човек, и ми викаат сите и претседателот на ДПА ми предложи ајде уште еднаш да пробаме. Ова е локална власт поддршката е најглавна од граѓаните – рече Сади Беџети.

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи смета дека има простор Сади Беџети да добие поддршка од сите партии освен од ДУИ.

– Најголем град на Албанците не функционира ништо од култура па до паркинзи. Организиран криминал и овие градби не овозможуваат да имаме странски инвестиции. Беџети рече дека бил градоначалник, го знае градот, секое маало, ќе инсистира уште еднаш да се врати да се подобри начинот на живот во Тетово. Кандидатот не е против никого туку за сите. Планот е да имаме поддршка од сите политички партии. Оваа е можеби единствената прес-конференција што ќе ја одржи заедно со ДПА. Од сите освен ДУИ, па мислам дека и Алијанса нема да има појак кандидат. Овој кандидат не е само на ДПА туку на граѓаните. Еднаш засекогаш градоначалниците да бидат добри менаџери, а не луѓе со партиски набој. Ќе инвестираме во самостојна кампања на Беџети, затоа што е човек што ги знае работите – истакна Тачи.

На прашање за можноста за отворени листи за избор на советници, Тачи рече дека се согласува со таква опција.

– Мојот став е така да биде. Да има отворени листи мислам дека без предметно е дека со еден круг има да оневозможи гласање меѓуетнички. Некој се плаши од гласовите на Албанците каде Македонците се мнозинство. Има Албанци кои ќе гласаат за одреден кандидат Македонец и Македонци кои ќе гласат за Албанец. Луѓето не се толку неупатени како што сметаат некои политички лидери – рече Мендух Тачи.

Сади Беџети, кој е роден 1957 година, освен градоначалник на Тетово бил и ректор на Универзитетот во Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот