Поранешниот телохранител кој ја обвини Крис Џенер за сексуално вознемирување додаде нов дел во тужбата

крис џенер кардашијан
Фото: Профимедиа

Нов скандал го тресе семејството Кардашијан. Имено, поранешниот телохранител на мајката тврди дека пред него се соблекувала гола и се допирала по интимните места без негова дозвола, пренесува „Mirror“.

Марк Меквилијамс, кој работел како телохранител за семејството Кардашијан од 2017 до 2019 година, кон крајот на 2020 подигна обвинение против Крис Џенер (65), во кое наведе дека покажала „образец на несакано и непристојно сексуално однесување“. Но, сега излегоа детали од обвинението.

Имено, Меквилијамс тврди дека на работното место доживеал „сексуално вознемирување, непријателска работна атмосфера, расна и родова дискриминација“. За сексуалното вознемирување навел дека Крис му ги допирала задникот и препоните и излегувала гола пред него. Подоцна тој додал дека Крис без негова согласност „му ги масирала вратот, рамената, рацете и грбот“, а потоа му ја ставила раката на бутот и се триела од него на сексуален начин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner)

Освен Крис, Меквилијамс ја обвини и нејзината ќерка Кортни Кардашијан, бидејќи во тоа време кога работел за семејството, мајката и ќерките го делеле телохранителот. Џенер целосно ги негирашe тврдењата и обвинувањата на својот поранешен вработен.

„Крис Џенер и Кортни Кардашијан во целост ги негираат лажните тврдења на поранешниот телохранител Марк Меквилијамс. Неговите апсурдни тврдења се измислени и за нив не постои ниту еден цврст доказ. Крис никогаш не се однесувала непристојно кон него“, изјави семејниот адвокат.

Адвокатите на семејството исто така тврделе дека Меквилијамс престанал да добива задолженија да работи како телохранител на членовите на кланот Кардашијан откако неколкупати го фатиле како спие во автомобилот додека бил на должност.

„Откако Крис и Кортни ќе победат во оваа несериозна парница, имаат намера веднаш да го тужат Меквилијамс и неговите адвокати за злонамерен прогон и недокажани обвинувања“, изјавија адвокатите на Кардашијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner)

Сега телохранителот додаде нов дел во тужбата.

„Обвинението се обидува да ја надомести штетата што настанала со несакано сексуално и полово вознемирување. Тужителот во повеќе наврати се жалел пред службата за човечки ресурси, но работодавачот не преземал никакви мерки“, пишува во неговата тужба и се додава дека подоцна наместо да биде заштитен, тој бил отпуштен од работа.

Meквилијамс во тужбата бара отштета од 3 милиони долари. Но, адвокатите на Кардашијан тврдат дека Меквилијамс никогаш не се пожалил за работата или за што било, сè додека бил отпуштен.

Меквилијамс пред да стане телохранител на богатите и славните, работел во музичката индустрија. Четириесет и четиригодишниот телохранител е основач на музичката група „МГМ“ заедно со пејачот Р. Кели (кој заглави во затвор поради разни обвиненија). Но, кариерата на групата кратко траеше, односно по основањето во 1989 година издадоа само еден сингл „Why You Wanna Play Me?“ во 1990 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот