Поранешниот супермодел се пофали со својата витка фигура во 55-та година: Се уште ги носам бикините од пред 30 години! (ФОТО)

инстаграм

Паулина Поризкова во 1984 година се појави на насловната страна на магазинот „Sports Illustrated“. Денес таа има 55 години и има еднакво завидна фигура како и во младоста.

инстаграм

Таа често ја покажува својата витка линија на Инстаграм и плени со внимание, а овој пат се пофали дека се уште одлично ѝ стои бикинито старо повеќе од две децении. Супермоделот со рацете ги прекри градите и ги истакна цврстите стомачни мускули.

инстаграм

Иако Поризкова според нејзини изјави, во младоста пушела цигари и лошо се хранела, со текот на годините ја сфатила важноста на здравиот живот. Таа тренира од 40-те и тоа ѝ одговара и ментално и физички.

инстаграм

„Започнав да вежбам за да си помогнам да ги смирам паничните напади и да се ослободам од антидепресиви. Сфатив дека вежбањето ме држи под контрола и се чувствувам многу подобро“, рекла манекенката.

инстаграм

Токму поради планираната исхрана и редовниот тренинг, таа дури и во 56-та година жари и пали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот