Поранешниот српски ракометар и селектор претепан од сопствениот син

Фото: EPA/SRDJAN SUKI

Легендарниот ракометар и селектор на Србија, Веселин Вуковиќ (65) бил претепан од својот син Р.В (35), објави српски „Телеграф“.

Според информациите, синот на Вуковиќ заработил кривична пријава поради семејно насилство. Истрагата ја води основното јавно обвинителство во Белград.

Нападот се случил во средата пред болницата за зависности на улицата „Теодор Драјзер“ во српскиот главен град. Според медиумите, Вуковиќ одбил да му биде пружена лекарска помош.

Во својата кариера Вуковиќ освои златни медали на Олимписките игри во 1984 година и Светското првенство две години подоцна. Како селектор на Србија стигна со сребрениот медал на Европското првенство во 2012 година, кое се одржа во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот