Поранешниот сопруг на Северина се огласи по информацијата дека физички го злоставувале нивниот син (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин, Јутрањи.хр.

Милан Поповиќ, поранешниот сопруг на Северина Којиќ се огласи по изјавата на пејачката дека нивниот син Александар (7) бил физички злоставуван во  училиште и дека не сакале да го пуштат да излезе од училницата.

– Игор Којиќ го испровоцира тој инцидент со своето насилно и непримерно однесување, поради кое училиштето морало да викне полиција – започнал Поповиќ.

– Можам да ви кажам дека се слушнав со детето во тој момент и тука нема зборови за било какво злоставување. Инцидентот е испровоциран за да се направи сензација. Испровоциран е од две причини. Прво да се направи сензација за да се привлече внимание кон Северина поради промоција на нејзината нова турнеја, а второ – очекуваме многу важна пресуда во една постапка која ја водиме. – рекол Поповиќ.

Фото: Приватна архива

Она што потполно збунува ако е вистина ја демантира Северина и нејзината приказна. Вистина е дека Северина наводно во 16:40 часот дошла во училиштето за да ја земе торбата која ја заборавил Александар, а пред тоа изјавила дека поради повреда не може да дојде да го превземе детето.

Северина на прес-конференцијата рекла дека нејзиното дете не сакале да го пуштат да излезе од училницата и дека учителките не дозволиле Игор Којиќ да го однесе дома.

– Во петокот на 11 октомври во Основото училиште Матија Губец каде мојот син е во меѓународното одделение се случи инцидент кога на мојот сопруг не му беше дозволено да го земе моето дете. Учителките го заклучиле во училницата цели два часа, а со тоа го повредиле и физички и психички – ја започнала Северина конференцијата.

Открила и дека нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ  се договорил со управничката на училиштето дека никој освен него не може да го земе нивното дете од училиштето, иако како што таа тврди, на нејзиниот сопруг Игор Којиќ му е тоа судски дозволено. Северина исто така кажала дека управителката не се појавила тој ден на училиште и дека има бројни тужби од останати мајки чии деца учат во тоа училиште.

Наводно Поповиќ ја платил кампањата на градоначалникот Милан Бандиќ, а училиштето во кое оди Александар е во склоп на градската управа.

Погледнете што кажа Северина на прес-конференцијата:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот