Поранешниот сопруг на Памела Андерсон изјавил дека пиел 7 литри вотка на ден

Instagram
Памела Андерсон, Томи Ли Џонс, Фото: Instagram

Поранешниот сопруг на Памела Андерсон, рокерот Томи Ли (58), во интервју за „Yahoo Entertaiment“ признал дека имал голем проблем со алкохолот, изјавувајќи дека пиел дури седум литри вотка на ден.

Томи Ли и Памела Андерсон се венчале во 1995 година на плажа во бикини. Овој брак траел три години. Но, и покрај разделбата, останале во контакт. Тие имаат два сина, Брендон Томас Ли (24) и Дилан Џегер Ли (22).

Instagram

На 5 март 2018 година, Томи јавно ја критикуваше Памела за лагите кои ги изнела во едно од нејзините интервјуа кога зборувала дека тој постојано ја напаѓал.

Instagram

„Пиев од досада. Кога ќе се разбудев веднаш си правев коктел со вотка… Пиев седум литри вотка на ден. Тоа беше лудо. Тогаш сфатив и си реков: – Момче, премногу пиеш, ќе умреш“, рекол Томи.

Тој исто така открил дека му помогнала неговата сегашна сопруга Британи (34), која му рекла дека мора да оди на рехабилитација.

Томи Ли со сопругата Британи / Instagram

„Таа ми кажа: – Душо, мислам дека никогаш не сум видела некој да пие толку многу. Ме плашиш“, изјавил Томи.

„Дефинитивно беше исплашена, а нејзината грижа очигледно ми помогна во одлуката да се вратам на рехабилитација“, изјавил рокерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот