Поранешниот словачки премиер обвинет за расизам

Поранешниот словачки премиер, Роберт Фицо е обвинет за расизам поради коментар за ранливото ромско население, соопшти словачката полиција.

Испекторите тврдат дека Фицо јавно се согласил со изјавите во кои се навредуваат Ромите, дадени од пратеник од екстремната десница.

Пратеникот Милан Мазурек, кој е член на Народната партија „Наша Словачка“, во 2016 година изјави дека „Ромите никогаш не направиле ништо за нацијата“.

Мазурек беше осуден за расизам претходно оваа година и е првиот пратеник во Словачка кој го загуби своето место во парламентот по кривичната пресуда.

Фицо подоцна коментираше дека скоро целата нација ќе се согласи со зборовите на Мазурек.

Полицијата соопшти дека доколку дојде до судење, Фицо може да биде осуден на пет години затвор ако биде прогласен за виновен, објави АП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот