Поранешниот „швалер“ на Карлеуша ја „улови“ најубавата српска блогерка (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Фудбалерот Огнен Врањеш кој сите вие го познавате од порно-аферата со Јелена Карлеуша, наводно сега ја освоил младата српска блогерка Зорана Јовановиќ, позната како Зоранах, пишува српски „Курир“.

Според тоа што пишува овој медиум, фудбалерот и блогерката наводно неодамна започнале романса, а дека тој има сериозни намери говори и тоа што ја угостил во Атина, каде што моментално живее…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ? Zorannah Star ? (@zoranah_fanpage7777) on

– Зорана и Огнен се запознаа уште во времето кога таа се забавуваше со неговиот соиграч од репрезентацијата. Меѓутоа, неодамна тие почнаа да се допишуваат на Инстаграм. Со текот на времето се зближија, а Огнен не може да го замисли денот без да се слушне со неа. Поради тоа тој ја покани во Атина, а таа без размислување заедно со својата другарка отпатувале во Грција – изјавил извор кој е близок на фудбалерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ognjen Vranjes (@ognjen_vranjes) on

– Огнен ја водеше Зорана по скапи ресторани и дискотеки во Атина. И ги покажа сите атрактивни места, а колку му се допаѓа, говори и фактот што не ја криел од тамошните пријатели. Ја претставувал како своја девојка, а тоа ги изненадило сите негови пријатели – раскажал изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот