Поранешниот шпански шампион пред банкрот, Валенсија нема пари да ги исплати фудбалерите
Пандемијата на коронавирусот тешко ги погоди фудбалските екипи, а еден од тимовите кои најтешко се носат со кризата е поранешниот шпански шампион Валенсија кој нема пари да ги исплати своите фудбалери.
Токму поради тоа беа продадени едни од најдобрите играчи во изминатите години, Дани Парехо и Франсис Кокелан на Виљареал, а згора на тоа уште 12 играчи се наоѓаат на трансфер листата. Сопственикот на Валенсија, Петер Лим веќе ги известил фудбалерите дека платите за наредната сезона ќе им бидат намалени за 40 проценти, а проблемите ќе се влошат наредната сезона бидејќи екипата нема да игра во европските купови и ќе остане без пари од УЕФА.
Поради лошата финансиска состојба но и поради податокот дека играчите не земале плата во последните три месеци, Родриго Морено, Хозе Луис Гаја и Хаиме Коста имале состанок со претседателот Анил Марти, но не успеале да најдат заедничко решение за излез од кризата.